ДКСК: Прекршочни налози за повеќе општински советници, директори и членови на управни одбори
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница информираше за извршена редовна проверка на поднесените Изјави за интереси и утврдените прекршувања на забраните од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, при што се утврдени повеќе случаи каде членови на Совети на општини, истовремено извршуваат и други функции.
Антикорупционерите утврдиле случаи, каде што, член на Совет на општина е истовремено и в.д. директор на Јавно претпријатие, друг член на Совет на општина истовремено е и директор на Јавна здравствена установа – Здравствен дом, потоа член на Совет на општина, кој е и адвокат, друг член на Совет на општина е и претседател на училишен одбор на ОУ, како и член на Совет на Град Скопје, кој е и адвокат.
ДКСК, исто така, утврдила и случај каде што в.д. директор на Јавно претпријатие и сопственик и управител на приватна фирма, член на Совет за заштита на потрошувачите и претседател на Управен одбор на ЈЗУ, в.д. директор на Јавно комунално претпријатие и сопственик на кој што управува со приватна фирма, член на Управен одбор на Клиника за гастроентерохепатологија и член на Управен одбор на детска градинка, како и член на Управен одбор на ЈЗУ Клиника за уво, нос и грло и адвокат.
Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, појасни дека согласно законот избрано и именувано лице не може да биде ниту член на Управен одбор, ниту во друг управен орган и други забрани кои што треба да се почитуваат.
-До сите лица ќе се достави известување со барање да се откажат од едната функција и ќе се спроведе постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог, изјави Ивановска.
ДКСК, на денешната седница, меѓу другото, најави дека од понеделник ќе почне да функционира регистарот на избрано и именувани лица на Државната комисија за спречување на корупцијата, што значи дигитализација на поднесувањето на известување од лицата и институциите при избор, со што ќе се избегне чекање за доставување на хартиени документи и побрзо детектирање на прекршувања.
Ново на Сител
-
75-годишен дедо почина по службен разговор во полиција во Охрид
-
Богојески заминува од функцијата директор на Национална агенција, ќе раководи со друга институција
-
Иран: Најмалку 610 лица се убиени од почетокот на војната со Израел
-
Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето
-
Пронајден починат 32-годишник од Скопје во стан на подрачјето на Карпош
-
Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино
-
Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни
-
Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието, ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа Влада