ДКСК повикува на транспарентност и анализа при донесување на измените на Законот за јавни набавки
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изразува сериозна загриженост поради предложените измени и дополнувања на Законот за јавните набавки, кои, како што наведуваат, се носат по скратена постапка и без широка јавна расправа, експертска дебата и сеопфатна анализа на нивните последици.
- Јавните набавки се една од клучните хоризонтални области во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021-2025 година), и затоа секоја измена на законската рамка мора да биде предмет на внимателна и транспарентна проценка. Особено загрижува фактот што во предложените измени се предвидува промена на составот на Државната комисија за жалби по јавни набавки, во исклучително краток рок од 15 дена, што отвора дополнителни прашања за транспарентноста и оправданоста на ваквите измени.
Со оглед на системската важност на Законот за јавните набавки и ризиците од корупција што произлегуваат од јавните набавки, Државната комисија за спречување на корупцијата отпочна со спроведување на антикорупциска проверка на предложените измени и дополнувања на Законот. Оваа проверка е дел од заложбите за навремено утврдување и ублажување на ризиците од корупција и судир на интереси во законодавството, што е од суштинско значење за заштита на јавниот интерес, се посочува во соопштението од ДКСК.
Државната комисија истакнува дека ваквите проверки се ефикасни доколку се извршуваат навремено, во фаза на подготовка на законите, а не откако тие ќе бидат донесени. ДКСК ги повикува сите надлежни институции да се вклучат во процесот на следење на овој случај со цел да се обезбеди почитување на законитоста, транспарентноста и правичноста во носењето одлуки.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија