ДКСК: Поранешен заменик-министер распоредил 189 вработени за време на изборите
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска на денешната осма седница информира дека ќе иницираат постапка до надлежен орган против заменик министер за донесување на 189 решенија за распоредување на вработени за време на избори.
Таа нагласи дека на 28.6.2024 година до ДКСК пристигнала претставка од познат подносител со укажување за сторена повреда на член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и член 8 став 1 алинеја 3 од Изборниот законик. Како што посочи, наводите се однесуваат на заменик министер на одредено Министерство при што се донесени вкупно 189 решенија, од кои 98 решенија се однесуваат за хоризонталнораспоредување на вработените во Министерството, 68 решенија за унапредување кои имаат финансиски импликации врз буџетот на Министерството и 23 решенија за распоредување со кои што им се намалува платат на вработените.
Димитровска неодамна образложувајќи го Годишниот Извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците одговарајќи на пратеничко прашање соопшти дека оформиле предмет против претходниот заменик министер за внатрешни работи за прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупција.
На денешната седница претседателката на Антикорупциска објасни дека ДКСК ја обезбедила целокупната документација од надлежните институции со цел потврдување на фактичката состојба.
- Од извршениот увид во целокупната документација доставена од Министерството по оформениот предмет, ДКСК следната фактичка состојба – на 14.2.2024 година претседателот на Собранието донесе решение за распишување на избор на пратеници и за избор на претседател на Република Северна Македонија. На ден 30.5.2024 година, ДКСК донесе заклучок со завршување на изборите за пратеници. Согласно член 3 од Законот за изменување и диполнување на Законот за Владата, по престанување на функцијата на министер, заменикот на министерот во Министерството ја презема надлежноста односно ја врши функцијата министер наредниот ден по денот на објавување на конечните резултати од ДИК за спроведените избори за пратеници во Собранието. На ден 31.5.2024 година, заменик министерот ја презема надлежноста за раководење со министерството, односно бил назначен за заменик министер се до избор на новата влада. На 23.6.2024 година, Собранието ја избира новата Влада на Република Северна Македонија. Во периодот од 31.5.2024 до денот на изборот на Владата 23.6.2024 година во Министерството од страна на заменик министерот донесени се вкупно 189 решенија, 98 решенија за хоризонтално распоредување, 68 за унапредување и 23 решенија за распоредување со кои на работниците им се намалува основната плата, рече Димитровска.
Таа објасни дека согласно член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на судир на интереси, од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до денот на завршување на изборот на претседател на Република Македонија се до завршување на изборите не може да се започне постапка за вработување на нови лица, постапки за престанок на работен однос освен во случај на итни и неодложни работи.
-Од фактичката состојба за случајот, ДКСК утврди дека наводите изнесени во поднесената претставка се основани поради тоа што содејствијата преземени од страна на заменик министерот по однос на донесените решенија за распоредување не се испочитувани забраните утврдени во член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и член 8 а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик, односно донесени се решенија за распоредување во период кога се уште не бил завршен изборот на Влада. Исто така, ваквото постапување е спротивно и на член 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, односно претставува повреда на начелото на законитост согласно кое никој не смее да ја користи функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување или пропуштање дејствија што според закон не смее. ДКСК констатира дека во конкретниот случај наводите содржани во пријавата за сторени повреди на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Изборниот законик се основани, поради што предлага постапката да се запре. Се констатира повреда на законските одредби и за констатираното прекршување на законските одредби ДКСК ќе постапи во рамките на своите законски надлежности, ќе донесе одлука од нејзина надлежност и ќе иницира постапка до надлежен орган, рече Димитровска.
Претседателката Димитровска на почетокот информира дека во рамки на денешната седница планирано е да се реферираат предлог-одлуки за вкупно 123 предмети, од областа на имотната состојба ќе се реферираат 60 предмети, од кои 53 предмети имаат предлог-одлука за постапката да се запре поради застареност, седум постапки од областа конкретно за проверување на имотната состојба, 51 предмет од областа на сомнеж од корупција и 27 предмети со сомнежи од судир на интереси.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите