Македонија
15. September 2020 - 20:20

ДКСК не може сама да го спроведува ветингот во судството

Иако прозвана како клучна Антикорупциската комисија нема да може сама да го спроведе ветингот во судството што го најавува и премиерот Зоран Заев и министерот за правда Маричиќ. Антикорупцинерите направиле анализа на постојното закнодавство и заклучиле дека едноставното поднесување и проверка на анкетните листови за имотот на судиите и јавните обвинители нема да помогне за надминување на корупцијата во правосудството. Тие бараат нови законски решенија кои ќе се однесуваат на потекло на имотот на граѓаните.

Комисијата за спречување на корупција веќе утре ќе има средба со Маричиќ за оваа тема.

Антикорупцинерите бараат ветингот да ги опфаќа сите јавни функционери пред тие да бидат избрани за функции и покрај тоа што нивните имоти и сега се на проверка. Новите пратеници веќе ја извршија својата должност да ги достават податоците за тоа со каков капитал располагаат. Според објавените податоци, еден од побогатите пратеници е пратеникот на ДУИ Јахоски, кој претходно беше и градоначлник, но кој и има свои бизниси. Јахоски во анкетниот лист има наведено повеќе деловни простори, куќа и стан во Скопје, куќа и станови во Македонски брод, а пратеникот има и побарувања по основа на даден заем од над 700 илјади евра.

Од проверката на претходните функцинери, Антикорупциската комисија нашла осумина  чииј имот и богатење за време на фунцијата сега дополнително се проверува.

Се уште не се објавени анкетните листови на владините функцинери.