ДКСК на второ место согласно Извештајот за транспарентноста на државните институции за 2024
Во извештајот за транспарентност на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за минатата 2024 година е оценета на високо второ место.
Во текот на 2024 година, ДКСК во рамките на институтот „Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер“, добиени се 40 барања за одговор за информации од јавен карактер, од кои 39 се одговорени во рамките на предвидените рокови, а едно е одбиено како незаконско.
- Тоа што сакаме да го потенцираме е дека сите барања односно одговори се од исклучително комплексен карактер со барани аналитички податоци за кои ДКСК соодветно обезбеди одговори кон засеганатите страни, соопштија денеска од Антикорупција.
Извештајот за транспарентноста на државните институции беше дел од мониторинг процесот на Агенцијата во рамки на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2023, кој има за цел унапредување на алатките за достапност на информации од јавен карактер.
- Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во 2024 година ги оцени веб-страниците на државните институции, со фокус на редовното објавување и ажурирање на документите согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, стои во соопштението од ДКСК.
Ново на Сител
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди