ДКСК ќе го следи изборниот процес, институциите да ги почитуваат забраните утврдени во Изборниот законик и Законот за спречување корупција

Во претстојниот период на спроведување на активностите поврзани со постапувањето на Владата за спроведување на избори за пратеници, како и за времетраење на изборниот процес, Државната комисија за спречување на корупцијата согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси нема законски основ да дава мислења по доставени барања поврзани со начинот на постапување на министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторните тела, трговски друштва и други институции основани од државата.
Оттаму, саоопшти денеска ДКСК ги известува сите институции дека нема да се произнесува со свое мислење на поединечни доставени барања и воедно ги повикува институциите да ги почитуваат забраните утврдени во Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси во текот на изборниот процес.
– ДКСК ќе го следи целиот изборен процес и во случаите на основи за сомневање дека се прекршува законот ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивното надлежно постапување, потенцираат од ДКСК.
Одредбите и ограничувањата од членот 8-а и 8-б од Изборниот законик и членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се подвлекува во соопштението, не се применуваат во периодот од денот на изборот на Владата за спроведување на избори за пратеници се до денот на донесување на Решението за распишување на изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија од страна на Претседателот на Собранието на Република Македонија.
– Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори на пратеници во Собранието на Република Македонија се до изборот на Владата на Република Македонија задолжително да се почитуваат забраните утврдени во членот 8-а и 8-б од Изборниот законик и во членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се вели во известувањето од ДКСК до министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва и други институции основани од државата, како и јавноста.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Еврометар 2026: Расте оптимизмот за демократијата и евроинтеграциите
-

Државата си прави монопол со својата лотарија, остри реакции за предлог законот за игри на срекја
-

Граѓаните да инвестираат во Чербен, наместо да купуваат станови - предлог на Ристов
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
