ДИЖС: Во тек е постапката за одобрување вработувања на нови инспектори
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) го достави Планот за вработување за 2021 година и очекува позитивен одговор, откако Владата донесе одлука Министерството за финансии со највисок приоритет да одобри вработувања на нови инспектори.
– Побарано е одобрување да се вработат девет инспектори за животна средина, двајца водостопански инспектори и еден инспектор за заштита на природата, односно, би се вработиле вкупно 12 инспектори, со што би се покриле сите региони, вклучително и тие кои до сега немаа на располагање ниту еден инспектор, соопшти ДИЖС.
Планот за вработување, додаваат, треба да се одобри од Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци