Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5 денари за литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 70,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 75, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 77 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,370 отсто, кај дизелот за 6,738, кај екстра лесното масло за 6,741 и кај мазутот за 3,944 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4085 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
