Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто во однос на претходната одлука.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 64,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 73,5, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 75,5 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 65 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,592 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,45 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,847 отсто, кај дизелот има намалување за 1,511 отсто, кај екстра лесното масло за 1,181 и кај мазутот за 2,906 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,3599 отсто.
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат