Македонија
6. September 2019 - 16:31

Дивоградбите во Охрид ќе се рушат за неколку дена

Aкцијата за рушење на довоградбите се брои во денови

Наскоро стартува акцијата за рушење на дивоградбите во Охрид.Градоначалникот Георгиески им даде рок од десетина дена на сите оние кои добиле решенија сами да си ги отстранат нелегалните градби .Тој истакна дека измина перидот на преговори и молења со сопствениците на угостителските објекти и најави дека ќе се уриваат не само платформите туку и дивоизградените тераси и објектите.

По однос на забелешките од страна на  угостителите кои побараа повлекување на одлуката  за отстранување на платформите и нивна легализација , градоначалникот  им порача  од утре да ги чекаат инспекторите со налог за инспекциски надзор  за целокупните објекти додавајќи дека овој проблем  ќе се реши откако крајбрежјето на езерото ќе се врати во првобитна состојба.

Поради лошото упраување со културното и природно наследство заштитено од УНЕСКО

Охридскиот регион се најде во опасност да биде ставен на листа на загрозени подрачја. За да го избегне евентуалното губење на статусот, властите треба целосно да исполнат 19 барања на Реактивната мисија на светската организација, меѓу кои и отстранување на сите дивоградби во заштитените зони.