Дистрибуција на училишен прибор за учениците од поплавените подрачја

Во ПОУ „Свети Кирил и Методиј“ село Страчинци и во ЦОУ „Св.Кирил и Методиј денеска ќе почне дистрибуцијата на училишен прибор за учениците од полавените подрачја на која ќе присуствува министерот за образование и наука Пиштар Љуфтиу.
Мерката, учениците од поплавените подрачја да добијат училишен прибор ја најави Владата на РМ, а ќе ја спроведе Министерството за образование и наука.
- Обезбедена е компанија која ќе изврши дистрибуција на училишниот прибор во наредните денови до учениците во местата кои беа поплавени. Веќе се комплетираат пакетите соодветно на возраста односно на одделението на учениците. Деновиве очекуваме да заврши финалното доставување на списоците од страна на комисијата и на општинските власти кои треба да ги потврдат. Има ученици кои се во поплавените места но не посетуваат настава во тие училишта. Внимаваме и тие деца да бидат опфатени со оваа мерка и на сите ученици кои беа зафатени од немилиот настан да им биде доделен училишен прибор и ранец, рече во петокот заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Според податоците на МОН, со мерката ќе бидат опфатени меѓу 3.500 и 4.000 ученици. Тие следат настава во 14 училишни објекти од кои поголем број се подрачни основни училишта.
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
