Македонија
30. November 2017 - 8:19

Дискусија за жени и девојчиња со попреченост како можни жртви на родово насилство

„Жени и девојчиња со попреченост -потенцијални жртви на родово базирано насилство” е насловот на панел дискусијата што ќе се одржи денеска во Скопје.

Дискусијата е во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во соработка со Министерство за здравство на Република Македонија и агенциите на ОН, а на неа ќе учествува и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.