Дискусија за препознавање и признавање на сексуалните и родовите различности

„Препознавање и признавање на сексуалните и родовите различности“ е темата на панел дискусијата што ќе се одржи денеска во Скопје со цел да понуди преглед на досегашните практики, актуелната состојба и клучните и неопходни чекори за подобрување на состојбата со правата на сексуалните и родовите малцински групи во Република Македонија.
Говорници на дискусијата ќе бидат Евгенија Гиакумопулу од Советот на Европа, Ричард Келер од Transgender-Europe, Исмета Амет, судијка од Управниот суд на Република Македонија, Наташа Бошкова од Коалицијата СЗПМЗ, и Кочо Андоновски од ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет.
Посебен фокус во рамки на дискусијата ќе биде ставен врз состојбата со правата на трансродовите лица во Македонија, областите во кои е регистрирано највидливо прекршување на нивните права, судската пракса во Македонија за правно признавање на родот, и потребата од законска регулација на правното признавање на родот.
Панел дискусијата е организирана од коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк, разговаравме и за правосудниот испит
-

Клековски на 12. турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори
-

Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ
-

Раст на прометот со храна и горива, пад кај непрехранбените производи во септември
-

Од утре врнежи од дожд, локално пообилни
-

Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко
-

Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив
-

„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот
