Директорот на охридската болница за денешниот инцидент: Пациент почна да дави докторка
Директорот на охридската болница доктор Горан Балевски за „Слободен печат“ вели дека утринава во амбулантата на инфективното одделение, пациент што чекал на ред почнал да ја дави една од двете лекарки на смена. Докторката, инфектолог, имала 62 години.
Инцидентот, за среќа, го спречиле некои присутни членови на семејството на пациентот, па лекарката била навремено оттргната од рацете на лутиот пациент.
Според доктор Балевски, ова не е ни прв ни последен пат здравствените работници во Охрид, а и во другите градови од внатрешноста, да преживуваат тешки напади кои најнапред почнуваат како вербални, а потоа прераснуваат и во физички.
-Ова е срамота. Нема што не се изнагледавме во пандемијата. Во амбулантата дневно има и по 60 прегледи со само две лекарки и денеска една од нив пациент што не сакал да чека во ред, ја фатил за врат да ја дави. Пријавивме во полиција, лекарката е добра. Станува збор за искусна докторка на 62 години. Срамота е што ги напаѓаат лекарите, изјави доктор Балевски.
Претходно СВР Охрид соопшти дека е нападната вработена на Инфективното одделение и дека се преземаат мерки за решавање на случајот.
Ново на Сител
-
Ф1: Новата патека во Мадрид ќе го носи името „Мадринг“
-
Норвешката репрезентација во скијачки скокови го загуби спонзорот по манипулација со опремата
-
Одбиена жалбата на Форест на казната за критикување на ВАР судии
-
На Скопје Опен Рамус Г1 2025 најавени 1.000 таеквондисти од целиот свет
-
Во Велешко во вторник и среда АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите
-
Канадска пивара продава пакување од 1.461 лименка за да се „преживее мандатот на Трамп“
-
Меѓународниот аеродром Скопје добитник на награда за најпријатно аеродромско искуство
-
Вуди Харелсон и Метју Мекконахи можеби се браќа, веројатно ќе прават и ДНК-тест