Директорот на Инфективна: Немаме податоци за пациенти со проблеми поради водата за пиење во Скопје

Немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради пиење на водата за пиење во Скопје. Вака денеска одговори директорот на Клиниката за Инфективни болести во Скопје, доктор Фадил Цана, на новинарско прашање, дали е вистина, како што се пишувало по социјалните мрежи, дека имало пациенти со здравствени проблеми поради водата за пиење во Скопје.
-Тоа што можам ја да го кажам како директор на Инфективната клиника, е дека на клиниката немаме такви податоци дека причина за некое гастроинтестинално нарушување има пациенти пријавени, зошто тоа нели по постапка дијагностичка мора да биде ова пријавено. Засега има нормално зголемен број, со оглед на горештиниве. Бројот е зголемен, но, не е над нормалата во споредба со претходните години, тука е, во очекуваниот раст. Така што, немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради водата, поради пиење на вода - подвлече Цана.
Директорот на Инфективната клиника одговараше на новинарски прашања по прес-конференцијата во Министерството за здравство, каде информираше за состојбата со Западно-нилската треска во државата, на клиниката, бројот на заболени и колку лица се со тешка клиничка слика.
МИА
Ново на Сител
-

ЈПДП: Ја подобруваме безбедноста и функционалноста на мостот на Маркова Река
-

ЈОРСМ: Поднесено обвинение за злоупотреби во АД „Државна лотарија“, за Груби побарно продолжување на мерката куќен притвор
-

Ангелов: Вчерашниот ден најтежок со 52 пожари на отворен простор, најголем предизвик се Студеничани и Македонски Брод
-

Медицинските податоци на речиси 19 милиони Полјаци украдени во масовен кибер-напад
-

Пронајдена исчезнатата Кристина од Охрид
-

Вучевиќ: Помалку од 100 дена до изборите
-

Повеќе од половина од албанските семејства не можат да си дозволат еднонеделен одмор годишно
-

Со гаранција од 500.000 евра Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор
