Директорот на ЦУК Ангелов на терен на патот од Маврови Анови кон Галичник
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по пријава во ЦУК од постојани жители и претседателот на месната заедница во Галичник, изврши увид на состојбата на со снег завениот пат на потегот од Маврови Анови кон Галичник.
– Од страна на директорот Ангелов и Оперативниот центар во ЦУК, се контактирани надлежните субјекти најбрзо што можат да се ангажираат и да го расчистат патот кон Галичник од сегашните снежни навеви, во случајот Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, се вели во соопштението до ЦУК.

Од ЦУК, исто така, ги повикуваат граѓаните во села и населби, каде што во зимниот период патиштата се во поголем дел непроодни и завеани, ако имаат сериозна здравствена или животно загрозувачка ситуција да ги контактираат на бројот 195.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
