-->
-->
Директорот на ЦИА во ненадејна посета на Сараево
-->
Директорот на ЦИА, Џон Бренан пристигна во ненадејна посета на Босна и Херцеговина, објавија сараевските медиуми, кои тврдат дека во центарот на Сараево утрово биле зајакнати безбедносните мерки.
Бренан во Сараево пристигнал синоќа со воен авион. Тој планира да се сретне со босанските министри за внатрешни работи и за безбедност, како и со првите луѓе на полициските агенции во Бих и со Ударната група за борба против тероризмот.
На средбите ќе се разговара за глобалната борба против тероризмот, терористичките закани во БиХ, предизвиците и што презема официјално Сараево по тоа прашање.
Засега не е познато до кога шефот на ЦИА има намера да остане во БиХ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега