Директорот на Бирото за јавна безбедност Савовски на состанок во Европол

Директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски учествуваше на Третиот состанок на генералните директори на полициите, бироата за јавна безбедност, граничната полиција на земјите членки на Салцзбуршкиот форум и партнерите од Централна и Југоисточна Европа, кој вчера се одржа во седиштето на Европол во Хаг.
На состанокот, како што е наведено во денешното соопштение од МВР, бил презентиран документот за зајакнување на натамошната соработка и активно учество во заедничките мерки за борба против илегалната миграција и криумчарењето на лица со којшто треба да се воспостават рамки за интензивирање на меѓуполициската соработка на земјите членки на Салцзбуршкиот Форум и партнерите од Централна и Југоисточна Европа, особено во контекст на актуелните случувања со мигрантската криза, односно бегалците од Блискиот и Среден Исток.
Савовски на состанокот ги презентирал сите досега преземени мерки и активности од македонските институции во справувањето со мигрантската криза, како и согледувањата за поголема регионална и европска кооперативност во натамошното справување со кризата.
Овој документ, како што се наведува во соопштението, бил подготвен на претходниот состанок за борба против илегална миграција и предизвиците со кои се соочуваат земјите поради зголемениот миграциски притисок кон Европската унија, одржан во јули годинава во Софија.
На маргините од Салзбуршкиот форум, Савовски остварил неформална средба со директорот на Канцеларијата за истраги и контраразузнавање при Службата за дипломатска безбедност на САД, Кимбер Дејвидсон.
Савовски учествува и на состанокот на Европските полиции во седиштето на Европол во Хаг, на кој поздравно обраќање имаа Директорот на ЕВРОПОЛ Роб Вајнврајт, како и директорот на американската ФБИ, Џејмс Комеј.
Ново на Сител
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Изминатиот продолжен викенд 1303 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 57 лица
-

Попладне локални врнежи од дожд
-

Поранешната претседателка на ДКСК Димитровска не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
-

Мицкоски: Изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење
-

Леброн Џејмс прогласен за играч на неделата во НБА по 70. пат
-

По повеќе од 50 години, започнува темелна реконструкција на „Самарџии“ - една од најзначајните улици во Чаршијата
-

Стотици летови откажани поради штрајкот на пилотите на „Луфтханза“
