Директорот на Бирото за јавна безбедност на состанок на шефови на полициите во Рим
Балканот како регион отсекогаш претставувал место низ кое транзитирале многу луѓе како најкраток пат помеѓу Истокот и Западот. Во историјата скоро и да нема поголеми миграциски движења во овој дел од светот кои повеќе или помалку не го зафатиле и овој регион, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанче Савовски на состанокот на шефови на полициите од балканските земји што се одржува од 14 до 16 декември во Рим.
Савовски истакна дека ова се однесува и на Република Македонија, која со својата географска положба претставува неодминлив дел од рутите на ваквите движења. Според него, моменталната миграциска состојба и притисокот на мигрантите од Блискиот Исток, Арапските држави и Северна Африка да транзитираат токму преку Балканот не е изненадување.
- Сепак, денес се соочуваме со масовен прилив на мигранти во размери какви што не се регистрирани во блиското минато и кој ги има сите предуслови да прерасне во вистинска криза. Токму затоа Република Македонија презема мерки за справување со кризата, од кои како клучни се издвојуваат измените во Законот за азил и привремена заштита од јуни 2015 и Одлуката на Владата на РМ за кризна состојба на северната и јужната граница од август 2015 година, потенцира Савовски.
На маргините на состанокот, кој се одржува во организација на „Европол“, директорот на Бирото за јавна безбедност оствари билатерална средба со заменик-директорот на грчката полиција Константинос Сувалас. На средбата е констатиран значителен напредок во соработката на двете полициски служби со можност таа да биде продлабочена особено на полето на мигрантската криза.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица