-->
-->
Директорот на АМС, Наумче Мојсовски позитивен на Ковид-19
-->
Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за Млади и Спорт и поранешниот македонски репрезентативец на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.Тој соопшти дека се заразил со коронавирусот, а воедно испрати апел до сите свои сограѓани да ги почитуваат мерките и да останат дома за престојните празници.
-Драги пријатели, поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19. Во моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.
– Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома.
– Мојот апел до вас пријатели е да направите се за да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно, – напиша Наумче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност и претседател на ЦИБ
-

Жан Митрев обвинува, Филипче најавува тужби, ВМРО-ДПМНЕ бара истрага
-

Филипче: На седница ќе го кажеме ставот за Законот за прекршоци
-

Покренато обвинение за помагачите на Саитов - ЈО предложи и продолжување на притворот
-

Расте бројот на странски работници во Македонија, од каде доаѓаат најмногу?
-

Прилепските угостители со позитивни оценки за Законот за работно ангажирање лица
-

Сите инфлуенсери до март мора да се регистрираат во АВМУ - во спротивно ќе се соочат со прекршочни пријави
-

Грипот во подем, посебен апел до учесниците за Водици
