Директорот на АХВ, Миланов најавува изградба на кафилерија и гробишта за миленици

Интензивно се работи на изградба на кафилерија во Македонија, но и на решавање на проблемот со немање гробишта за домашни миленици. Како што вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, до средината на 2026 година се очекува да бидат договорени основите и за кафилеријата и за гробиштата за миленици (локации, инфраструктура), по што треба да почне и практичната реализација на терен.
Според Миланов, досега повеќето миленичиња по смртта биле оставани од сопствениците на истите депонии каде што се фрла и отпадот. Во однос, пак, на кафилеријата, предлогот се разгледувал уште од 2019 година, но не била најдена и утврдена соодветна локација.
Се разгледува, нагласува директорот, и опцијата - секоја општина да има прифатилиште за бездомни кучиња.
-Во текот на неделава ќе имаме состанок со министерот за локална самоуправа и ЗЕЛС. Досега повеќето миленичиња ги оставаа на истите депонии каде што се фрла и отпадот. Ќе се прават нови места, кои не се населени, надвор од урбаните средини и тоа ќе биде една од темите на состанокот - секоја општина, ако може, да има и прифатилиште и гробишта за миленици. Тоа ќе им биде укажано на градоначалниците. Во врска со кафилеријата, од 2019 година се разгледуваше предлогот, но за шест години не се најде соодветна локација. Најпрво беше Лозово, па Росоман,.. Советниците не дозволуваа поради недоволна едукација на населението. Мислеа дека труповите ќе се горат како во фабрика и дека ќе мириса многу, а всушност, се работи за херметички затворен простор. Сега ќе се оди кон јавно-приватно партнерство. Најверојатно по празниците ќе седнеме со министерот и советниците на премиерот да поразговараме. Има и најнов модел како во повеќето европски држави - мобилна кафилерија која овозможува да се земе трупот, да се однесе на точнно утврдена место и да се изгори, истакнува Миланов.
Тој е оптимист дека кафилерија ќе имаме наскоро, а, како што потсетува, тоа е и еден од условите за преговорите со ЕУ.
-Јас би сакал тоа веднаш да се случи, очекувам до летото барем да ги поставиме темелите и да се почне, и со кафилеријата и со гробиштата за миленици. Во Скопје имаше предлог да се прави после Бардовци, но тоа треба да видиме со градоначалниците, вели Миланов.
Информира и дека е веќе изготвен законот за здравстевна заштита на животните со кој се опфатени и бездомните кучиња.
-Бездомните кучиња се голем проблем. Во Македонија ги има повеќе од 8 000. Мора да го решиме ова. Одржавме многу состаноци со 11 невладини организации меѓу кои и „Анима мунди“ и „Лајка“, го усогласивме текстот. Ќе бидат предвидени казни за неодговорно сопствеништво, за водење куче без поводник на јавно место, особено големите „опасни“ раси. Ќе има и неколку трибини за новиот закон со граѓаните и со нашите инспектори од подрачните единици. Ќе бидат вклучени и ловечките друштва. Лично ќе наравам напори законот да се донесе до крајот на оваа или почетокот на идната година, потенцира Директорот на АХВ.
МИА
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
