Директорката заболена од коронавирус била пријавена во МЗ од нејзините колеги, а таа им се заканувала со откази
Директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска кај која денеска беше потврдено дека е позитивна на коронавирусот уште минатиот понеделник од свои колеги била пријавена во министерството за здравство, дознава „Фокус“ од свои извори.
Според нашите информации, таа била на скијање во Италија, ама пред неколку денови присуствувала на симпозиум во Рагуза. Откако се вратила, настанале конфликти на клиниката меѓу неа и нејзините колеги, кои упорно барале таа да се пријави, но наместо тоа, директорката им се заканувала со откази, ако некој го стори тоа.
Во моментот, таа е на Клиниката за инфективни болести, а коронавирусот им се заканува на сите вработени, како и на пациентите кои во таа една недела циркулирале на клиниката или пак биле хоспитализирани таму.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција го потврди случајот и истакна дека е максимално разочаран од односот на неговата колешка, која требало да преставува пример за граѓаните. Тој најави и санкции за ваквото однесување.
Ново на Сител
-
Гордана Сиљановска Давкова и официјално претседател на државата, ДИК објави конечност на изборните резултати
-
Партијата на пензионери ја честита изборната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“