Македонија
16. September 2015 - 17:04
Директорите на државни архиви од регионот на конференција во Скопје
Дигитализација на културното наследство од периодот 1918-1991 година, што се наоѓа во архивите на поранешна СФРЈ, беше главната тема на денешниот состанок на директорите на архивите на државите, кои некогаш беа дел од поранешна Југославија.
Според договорот за сукцесија на поранешна СФРЈ, потпишан во Виена 2001 година, а ратификуван три години подоцна, Македонија има право да ги поседува оргиналните договори склучени во времето на поранешна СФРЈ.
Сепак, два од тие оргинални договори важни за Македонија, сеуште не се достапни за нашата земја.
За останатиот материјал кој што им припаѓа на сите држави и не може да се подели, ќе се бара начин како да се дигитализира, за да може да биде донесен и во државниот архив на Македонија.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
