Директор на основно училиште во Вевчани ги присвојувал донациите за учениците
НККР Струга поднесе кривична пријава против К.М. (37) од Вевчани за сторено кривично дело “несовесно работење во службата“.
Во текот на 2016 година во Вевчани во ООУ „Страшо Пинџур“, од страна на вработени во државен просветен инспекторат, при редовен инспекциски надзор, било констатирано дека во текот на 2009 и 2010 година, пријавениот како директор на ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани, во рамки на проектот „Компјутер за секое дете“ примил донирана компјутерска опрема, од која одреден дел не била во функција, додека одреден дел недостасувала.
Исто така, било констатирано дека дел од опремата, пријавениот ја предал на користење на трети лица.
По преземени мерки, од страна на полициски службеници, било констатирано дека во текот на 2015 и 2017 година, од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ Скопје и “Макпетрол” АД Скопје, на ООУ „Страшо Пинџур“, им биле дадени донации кои пријавениот не ги евидентирал во годишните завршни сметки.
Со ова пријавениот на ООУ „Страшо Пинџур“-Вевчани му нанел материјална штета од 194.691 денари.
Ново на Сител
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа