Македонија
26. March 2022 - 16:35

Дипломатски пасоши за Трајковски, Барди и Милевски

Успехот на македонските фудбалери во Италија покажа дека спортистите се најдобри и науспешни амбасадори на Македонија. Па така репрезентативците Александар Трајковски, Енис Барди како и селекторот Благоја Милевски ќе можат да патуваат низ светот како вистински дипломати на државата. Министерството за надворешни работи во знак на благодарност поради историскиот успех кој го постигна македонската репрезентација во Палермо на тројцата им издаде дипломатки пасоши.

Министерот Османи на средбата со спортистите не ја криеше среќата поради нивната победата пред два дена. Рече дека пасошите ги заслужиле поради постигнатиот успех. Им посака среќа за следниот меч и се пошегува дека резултатите може да влијаат и на европската интеграција на земјата.

Двајцата фудбалери рекоа дека вторник ќе биде голем ден за сите нив, а селекторот Милевски порача дека се подготвени за нов успех  но и тоа македонското знаме да го однесат и во Катар.

Вчера неколку стотици навивачи ги пречекаа фудбалерите на аеродром, а еуфоричен пречек имаше и на скопскиот плоштад, каде поради строгите ковид протоколи на УЕФА, само дел од репрезентацијата дојде за да ги поздрави собраните навивачи на дочекот