Македонија
3. April 2019 - 8:40

Дипломатска дискусија „Патот до Брисел”

Дипломатска дискусија на тема „Патот до Брисел” ќе се одржи денеска во Владата на Република Северна Македонија, на која ќе се обратат премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
 
Ќе се дебатира за процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, а ќе учествуваат и амбасадори на земјите членки на НАТО во нашата држава.
 
Настанот, во рамките на НАТО неделата, го организираат Министерството за одбрана, Евро Атлантскиот совет (АТА) и амбасадата на Република Словенија.