Димовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на обидот за поништување на лустрацијата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори на повикот за присуство на седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и дека кога и да е ќе присуствува на неа, но и дека сериозно ќе се спротивстави на обидот на СДСМ за носење на законот за поништување на лустрацијата, изјави пратеникот на оваа опозициска партија Илија Димовски.
– Нашето прашање е кои се жртвите? Тие кои што овозможувале лица да бидат политички ликвидирани и физички ликвидирани или тие коишто биле политички и физички ликвидирани. Македонија треба да одлучи дали ќе оди по патеката на евроинтеграции, дали ќе гради демократски систем по примерот на сите земји од Централна и Источна Европа или се уште ќе живее во времето кога со политички нарачки се воделе судски процеси. Ние ги разбираме социјалдемократите, тие и денеска го прават истото со политички нарачки. Министри ги правеа списоците кои лица политички неистомисленици треба да одговараат пред СЈО и пред судството, министри од СДСМ и денеска ги координираат судските постапки. Затоа тие не разбираат што прават и со овој закон за поништување на лустрацијата, изјави Димовски, притоа потсетувајќи на 75-годишнината од ликвидацијата без судска пресуда на 53 велешани на ридот над градот, заради тоа, што според него, се залагале „за демократски систем во Македонија, како што се залагале во своите први иницијативи членовите на АСНОМ“.
Тој нагласи и дека на денешната седница на Комисијата за политички систем не присуствувал министер или заменик министер од Министерството за правда, додавајќи дека освен СДСМ како „наследник на претходниот режим“, никој не сака да даде поддршка на овој, според него, ретрограден закон.
Димовски оцени и дека земјава имала „најмека форма лустрација“.
Ново на Сител
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
