Димовски: Владина поддршка за компаниите кои ќе инвестираат во руралните средини

Владина поддршка за сите домашни и странски компании кои планираат да инвестираат во стопански капацитети во руралните средини, најави денеска носителот на третата изборна единица Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека Свети Николе има многу населени места кои се уште се живи и имаат потенцијал.
- Сите села од Свети Николе ќе бидат дел од т.н. рурална зона во која домашните и странски компании кои ќе инвестираат ќе добијат поддршка од 20 отсто грант од државата за инвестицијата, голем број даночни ослободувања, ослободување од царина за машините кои ќе ги увезуваат за инвестициите, ослободување 50 отсто за придонесите во следните десет години, како и целосно ослободување од персонален данок и данок на добивка во следните десет години, рече Димовски.
Тој оставри средби со жителите на Свети Николе, пред кои ја презентираше програмата на владејачката партија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
