Димитровски: Се санираат штетите од синоќешното невреме во кочанско
Кочани и неколку околни населени места вчера околу 19:30 часот ги зафати силно невреме проследено со обилен дожд, ветер и грмотевици. Градионачалникот на Кочани Ратко Димитровски и екипи од Центарот за управување со кризи од изутринава се на терен и извршија увид на лице место.
Градоначалникот Димитровски изјави дека според Центарот за управување со кризи на Кочани невремето предизвикало откорнување на дрва во кругот на Основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ при што е направена штета на училишната зграда.
- Искорнати дрвја имало и во индутрискиот дел на градот кај компанијата ТИНГ кон магистралниот пат А3. Екипи на кочанската територијална противпожарна единица, Македонија пат и од Комуналното претпријатие „Водовод“ се на терен и ги отстрануваат дрвјата од патот и истиот е веќе оспособен за сообракај, изјави Димитровски.
Од силното невереме, грмотевиците и електричното празнење, истакна Димитровски, во прекин е напојувањето со електрична енергија на населените места Мојанци, Тркање и Горни и Долни Подлог како и во градот на улиците „Скопска“, „Охридска“ и „4 Македонска ударна бригада“. Екипи на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектот во трафостаниците од каде што се напојуваат со електрична енергија.
Засега не се пријавени штети од невремето на земјоделски површини, освен за поплавени магациннски простории на Склада со градежен материјал, каде што од изутринава интервенирала Кочанската ТППЕ во отсранувањето на водата од просториите.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани