Димитров за Сител: Струјата ќе поевтини ако се намали бројот на вработени во енергетските компании

Струјата нема да поскапи за 7,4% ако енергетските компании го намалат бројот на вработени за 20%. Универзитескиот професор Константин Димитров за Сител вели дека овие фирми со години имаат поголем број вработени од тоа што реално им е потребно. Посебен проблем е тоа што таму со години се вработува по партиски, етнички и друг клуч кој нема никаква врска со стручноста.
Димитров смета дека освен помалку вработени, овие компании можат во овој период на економска и здравствена криза да трошат од високите добивки кои ги акумулираа во претходниот период. Но, конечно и државата да изработи стратегија за овој сектор. Според него, важно е државата да произведува повеќе струја.
„Зошто не може да произведе е прашањето кое се поставува сега. Дали не работи РЕК Битола според предвиденото? Нормално, вода нема затоа што ја потрошија. И сега ќе увезуваме. Значи, имаме неправилно предвидување, работење ad hoc, ден за ден, наместо подолгорочно прогнозирање, немање политика за развој. Сето тоа доведува до тоа да купуваме и да плаќаме. А, кој плаќа? Плаќа народот. Мораме да платиме“, вели професор Димитров.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Ново на Сител
-

Во угостителски објекти во Тетово пронајдени дрога и ладно оружје
-

Приведена жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
-

Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
