Македонија
5. September 2018 - 16:15
Димитров во „Ја сакам Македонија“ - по неколку години ќе спласне целата тензија, Македонија ќе оди напред
Велзот на Mакедонија во НАТО и ЕУне треба да се гледа издвоено од договорот за името, вели министерот за надворешни во утринското интервју во Ја сакам Македонија. Според Димитров, Македонија нема друг пат освен европксиот.
Смета дека одлуката која ќе ја донесат граѓаните на успешен референдум ќе биде конечна.
Сепак Димитров има цврст став дека референдумот ќе помине позитивно со прифаќање на договорот, што пак според него преку сојузништво со Грција Македонија ќе успее да ги надминеме долгогодишните препреки за влез во ЕУ и НАТО.
Вели дека сегашните тензии набргу ќе спласнат.
Покрај одговорите и ставовите на владата за промена на името и решавањер на спорот со Грција, шефот на македонската дипломатија откри која е неговата омилена патриотска песна.
-
Рената Јакимовиќ
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
