Димитров: Успешно репатриравме 3.032 наши граѓани затекнати во странство

За помалку од еден месец успешно репатриравме 3.032 наши граѓани кои поради пандемијата беа затекнати во странство, објави вечерва на својот профил на Фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров.
– Ги организиравме планираните 13 чартер летови со кои безбедно вративме 2.022 македонски граѓани од 13 земји во Европа, но помогнавме и на 573-мина при транзитирањето, дел и од други континенти. Имавме и 4 хуманитарни конвои со автобуси и автомобили, а предвидени се и нови конвои, наведува Димитров во објавата.

Шефот на дипломатијата потенцира дека благодарение на солидарноста и соработката со другите земји, но и преку ЕУ механизмот за цивилна заштита, беа вратени 74 наши државјани од повеќе страни на светот, но и ние репатриравме 750 странски државјани кои беа затекнати во Скопје.
– Не беше воопшто лесно, ниту едноставно. Добивме многу пофалби, но и имавме и поплаки. Ја поздравувам посветеноста и професионалноста на сите колеги од МНР и би сакал да се заблагодарам на сите во Кризниот тим на Министерството, како и на колегите од амбасадите и конзулатите за нивниот придонес во успешната репатријација на голем број наши сограѓани, истакнува Димитров во својата објава на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Товарен брод нападнат во Ормуската Теснина
-

Анкета: Две третини од Американците веруваат дека земјата се движи во погрешна насока
-

Кремљ: Цените на нафтата може да се зголемат уште повеќе ако продолжат украинските напади врз руските објекти
-

Сиљановска Давкова - Хачатурјан: Ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка во повеќе сектори меѓу Македонија и Ерменија
-

Израел го продолжи притворот на шпанскиот и бразилскиот активист од флотилата за Газа
-

Папата го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите, изразувајќи жалење за убиствата на новинари
-

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
