Димитров се сретна со Жбогар
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари прва средба со амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.
На средбата, информираат од МНР, министерот Димитров ја потенцираше подготвеноста на Владата за целосен ангажман во имплементација на клучните реформи со цел на краток рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори.
- Во таа насока, беа разгледани претстојните поважни активности од европската агенда. Придвижувањето на евроинтеграциските процеси ќе овозможи отворање на дискусија за донесување на одлука за почеток на пристапните преговори, како чекор кон остварување на стратешката цел на Македонија – членство во Европската унија, соопшти МНР.
На средбата, се додава во соопштението, беше искажана заедничка подготвеност за динамична соработка во насока на остварување на овие цели.
Ново на Сител
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата
-
Руските безбедносни сили упаднале во притворниот центар и ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници
-
Сиљановска-Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Талибанците ќе испратат делегација на претстојниот состанок во Доха за Авганистан
-
66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Илинден
-
Курбан Бајрам одбележуваат припадниците на муслиманската вероисповед
-
Во Владата истакнат премиерски портрет на Џафери