Димитров се сретна со новата амбасадорка на Шведска, Кристин Форшгрен Бенгтсон
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ја прими новоименуваната амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Кристин Форшгрен Бенгтсон, која му ги предаде копиите на акредитивните писма.
Од МНР соопштија дека Димитров и’ посакал срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата, изразувајќи увереност дека односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжат успешно да се развиваат и за време на нејзиниот мандат. Притоа, министерот Димитров се заблагодарил за континуираната поддршка на Шведска во евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија. Во таа насока изразил очекување за засилена поддршка на Шведска во претстојниот период со цел позитивна одлука на Европскиот совет во октомври.
Амбасадорката Бенгтсон изразила задоволство од можноста лично да придонесе во зајакнување на македонско-шведското пријателство и да почне со својата работа во овој значаен период за нашата држава. Таа ја повторила поддршката на шведската Влада за продолжување на нашата реформска агенда и што поскоро остварување на нашите стратешки цели.
Ново на Сител
-
ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи