Димитров се сретна со новата амбасадорка на Индија за Македонија
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Индија во Република Македонија со седиште во Софија, Поџа Капур.
Димитров, како што информира МНР, посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија, изрази очекување дека амбасадорот Капур ќе даде значаен придонес во унапредувањето на сeвкупните односи меѓу двете земји, а посебно во екномската сфера, за што постои силен интерес кај двете страни.
Димитров и Капур го афирмираа интересот за продлабочување на редовниот дијалог, одржување политички консултации и размена на посети на министерско ниво во 2018 година.
Амбасадорката Капур изрази подготвеност значаен фокус во нејзината дипломатска мисија во Република Македонија да биде ставен и во продлабочување на соработката во културата, образованието и здравството меѓу двете земји, се вели во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана
-
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не се појави на суд
-
Судскиот Совет ги спроведува препораките на оценската мисија на ЕУ
-
Учениците возбудени за пролетниот распуст
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување