Димитров: Приоритет на МНР е пополнување на дипломатската мрежа

Пополнување на дипломатската мрежа е приоритет на МНР, при тоа ќе се оди на зголемување на процентот на кариерни дипломати, рече шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
- Има извесен застој, пред се, врзан со локалните избори. Како МНР правиме се бидејќи дека прво наследивме една многу тешка ситуација и сакаме што побрзо да ја пополниме дипломатската мрежа бидејќи надворешна политика не се води само во главниот град, не се води само на ниво на министер и дипломати во Министерството. Апсолутно е приоритет и правиме се што можеме и да ја пополниме мрежата што побрзо, меѓутоа и да го подобриме процентот на кариерни дипломати бидејќи имавме тука една поразителна наследена ситуација, рече Димитров на заедничката прес - конференција во Скопје со неговиот црногорски колега Срѓан Дармановиќ.
Тој појасни дека во процесот на именување на амбасадори,согласно праксата, вклучени се и трети земји од кои се бараат агремани, односно согласност, така што, нагласи, именувањето ќе биде тогаш кога тој процес ќе биде во последна фаза.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
