Македонија
21. September 2020 - 16:34

Димитров патува во Брисел, Османи е оптимист за договор на историчарите

Дипломатски финиш пред почетокот на преговорите со ЕУ. Вицепремиерот за европски прашања Димитров утре патува во прва работна посета на Брисел, по формирањето на новата Влада. Најавени се средби со еврокомесарот за проширување Вархеји и потпресетадтелот на ЕК Маргаритис Схинас. На маргините на Советот за општи работи на ЕУ, Димитров ќе се сретне и со министерот за Европа на Германија, Михаел Рот. Оваа посета, информираат од Секторот за евроинтеграции, се случува во момент кога се носат клучни одлуки во однос на дефинирање на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ. 

Паралелно со овие активности, шефот на дипломатијата Османи најави засилена комуникација меѓу Софија и Скопје на највисоко политичко ниво за да се надминат разликите. Тој е оптимист дека Бугарија нема да го блокира европскиот пат на Македонија и покрај уценувачкиот меморандум. Осмамни во исто време  изрази надеж дека историчарите сепак ќе успеат да најдат решение за спорните теми. 

„Јас затоа не сакам да бидам песимист. Како што досега успеаја да изнајдат заеднички текст кој е прифатлив за двете страни за многу важни историски личности, така мислам дека ќе најдат и заеднички текст и за толкување на разликите и за другите историски личности на таа листа. Така што, сум оптимист и верувам во стручниот и научниот капацитет на нашите историчари да најдат заеднички теклст во тој дел“, потенцира Османи.

Соработката мегу балканските земји и добросоеството беа тема и на средбата Османи-Брегу, генсекот на регуоналниот совет за соработка.