Македонија
25. September 2018 - 22:19

Димитров од Струмица: Во демократија граѓаните зборуваат преку гласање

Имаме историски денови, после 27 години чекање најдовме еден пат за напред. Решаваме прашање што ни беше пречка предолго време,  порача министерот за надоврешни работи Никола Димитров од трибината во Струмица . Додека ние чекавме другите не преткнаа, а младите ни губат трпение и чекајки Европа да ја донесеме во Македони тие  одат,  рече Димитров додавајќи дека наместо производи извезуваме талент и младост.  Тој и во Стрмица потенцираше дека јазикот и идентитетот остануваат заштитени.

Споре министерот Димитров не може партијата да биде поважна од Република Македонија. Тој упати порака до членовите и симпатизерите на ВМРО  ДПМНЕ да се потсетат што значат и која е каузата на првите четири букви од името на партијата додавајќи дека имало примери во историјата кога тие букви значеле храброст. Да се преземе одговорност за делата во минатото,  одговорност за иднината и храброст да се соочиме со вољата на народот рече Димитров.