-->
-->
Димитров: Очекуваме датум за преговори со ЕУ
-->
Евроинтеграцијата е најдобриот инструмент што го има ЕУ за да им помогне на оние кои сакаат да се променат и да направат реформи, истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на конференцијата за перспективите на Западен Балкан за вклучување во ЕУ, што се одржа денеска во Софија.Димитров рече дека по позитивниот извештај од ЕК и препораката за преговори, Македонија со право очекува да добие датум за нивно започнување.
- Мислам дека европерспективата не треба остане само зборови, туку да се преточи во конкретни чекори. Ќе биде вистинска трагедија ако на Македонија не ѝ се дозволи да ги започне преговорите за пристапување кон ЕУ. Во последните години научивме многу лекции. Се променивме, имаме силна општествена свест. Единствениот начин на кој можеме да напредуваме е да се соочиме со реалноста, да ги поправиме грешките, рече Димитров.
Тој процес, според Димитров, не е лесен, но е неопходен.
– Но, чудата се можни, ние создаваме чуда во денешно време. Го гледаме европскиот воз и сакаме да го фатиме, рече шефот на македонската дипломатија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Matto Napoletano“ во трка за најдобра пицерија во светот – еве како да ја поддржите
-

„Панини“ и „Рокстар“ ги здружија силите – љубителите на ГТА VI ќе можат да собираат сликички
-

Фирмите со сметки во Алта банка од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи
-

Шефот на „Енвидија“ се врати на функцијата, им се извини на вработените и откри дека оди на терапија
-

Најстудено утрово во Берово, -11 степени, температури под нула насекаде во државата
-

Лукашенко му нуди на Зеленски заедничко патување во Москва: „Ќе седам до него како гарант за безбедност“
-

Таткото на Меган Маркл официјално обвинет за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца
-

Голема полициска акција во БиХ: Приведени поранешна пратеничка и воен командант
