Димитров: Не знам која е пријателската земја посредник, но се покажа дека системот ни е подразбуден
Министерот за надворешни работи Никола Димитров не знае на која земја се алудира во однос на некои наводи дека со посредство на некоја пријателска држава се обезбедени докази за вчерашните случувања во однос на „рекетот“ врз македонски бизнисмен, а во кој е вклучен и обвинител.
– Знам дека секое расветлување, отплеткување ни помага и нам како на општество и на тоа како гледаат членките на ЕУ кон нас. Осветлувањето е многу поздраво од пикањето под килим, рече Димјитров на денешната заедничка прес-конференција со шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, одговарајќи на новинарско прашање дали знае за која земја станува збор.
Додаде дека напишл статус бидејќи видел, рече, една атмосфера на дефетизам.
Според него, вчерашите случувања покажуваат дека системот ни е подразбуден и оти има реакции без разлика на тоа од која страна доаѓаат индициите за лошо.
– Мене ми беше притоа апелот дека нема да може за жал преку ноќ да си ја дигнеме до крај на нозе државата и оти ќе треба многу напор. Секогаш потешкиот пат е поисправниот. Најлесниот пат е да дигнеме раце сите. Нашиот народ не е ништо понеспособен од народите на која било држава и периодот пред нас е период каде ќе треба тоа да го покажеме и докажеме, за да не биде и ќе не биде и точка. Не смееме да дигаме раце и се разбира не секој граѓанин носи иста одговорност, тој што има поголема моќ на одлучување од судии…, но сите во своето, вклучувајќи ги и медиумите можеме да дадеме се од себе. Мора овој период да го искористиме за да ни ја биде државата, порача шефот на дипломатијата Димитров на денешната заедничка прес-конференција со неговиот колега Чавушоглу, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
