Димитров на состанок на Организацијата за црноморска економска соработка во Софија
Mинистерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, на покана на шефот на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска економска соработка, денеска во Софија, ќе учествува на 40-тиот Состанок на Советот на министрите на Организацијата.
Се очекува, како што соопштија од МНР, на состанокот на Советот на министрите на Организацијата за црноморска економска соработка, Република Северна Македонија да стане рамноправна членка на оваа организација.
Министерот Димитров е предвидено да има свое обраќање во кое ќе ги изнесе придобивките и можностите кои ги нуди членството во Организацијата за црноморска економска соработка за земјите членки преку промовирање на духот на пријателство и добрососедство, како и продлабочување на заемното почитување, доверба и соработка, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
САД покренаа обвиненија за воени злосторства против двајца поранешни воени лица на Сирија
-
СВР Скопје заплени повеќе од 40.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар
-
Тошковски: Од неопходна важност е градењето и воспоставувањето на систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето
-
Агелер: На Груби и Беџети но и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД
-
Повеќе од 100 убиени при воздушен напад врз пазар во суданската провинција Северен Дарфур
-
Израелската армија на 25 километри од Дамаск, се проширува тампон зоната
-
Мицкоски: Направен е криминал од 6,5 милиони евра - Васко Ковачевски е избеган, но ќе го обезбедиме
-
Макрон ќе биде домаќин на партиските лидери во потрага по нова влада