Димитров на четирипартитна средба во Солун

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, ќе учествува на третата по ред четирипартитна средба на министрите за надворешни работи на Грција, Албанија, Бугарија и Република Македонија, што ќе се одржи на 3 и 4 мај во Солун.
Како што соопшти МНР, на средбата, покрај министрите за надворешни работи ќе учествуваат министри и високи претставници од министерствата за внатрешни работи, како и за транспорт и врски, од четирите земји.
- Се очекува во дискусијата на тркалезната маса министрите за надворешни работи да се осврнат на предизвиците за регионот на Југоисточна Европа од состојбите на Блискиот Исток и Источниот Медитеран, последиците од движењето на бегалците/мигрантите кон Балканот, и иднината на Европа и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, посочуваат од МНР.
Од другите теми во надлежност на ресорните институции ќе бидат опфатени и прашања во врска со прекуграничната соработка во областите на полициската, царинската и цивилната заштита, интерконективноста и транспортното умрежување во регионот, стои во соопштението.
Во соопштението од МНР не е наведено дали е предвидена билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, на која би станало збор и за спорот за името. Последната средба за изнаоѓање решение за името, двајцата министри ја имаа минатата недела во Виена, заедно со посредникот на ОН Метју Нимиц.
По средбата изјава даде само Нимиц и кажа дека двете страни остануваат посветени на решавање на проблемот, без да презентираат детали во разговорите.
Како што веќе објави МИА, следниот петок, на 11 мај во Сунио, во близина на Атина, ќе се одржи министерски состанок на Вишеград 4 и Балкан 4, односно средба на министрите од вишеградската група и од балканските земји. И во рамките на овој состанок, повторно, на заедничка маса ќе седнат Никос Коѕијас и Никола Димитров.
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
-

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
