Димитров: Македонскиот јазик, избришан во 2006 година, го вративме во преговарачката рамка на ЕУ
Во дебатата по повод интерпелацијата за неговата работа во Собранието на Република Македонија, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров потсети каде е македонската кауза денеска за разлика од претходниот период.
„Бевме Поранешна Југословенска Република Македонија во светското семејство и во сите меѓународни владини организации. Државјанството ни беше на ФИРОМ. Денеска сме Македонија, не сме Тунгузија, нашата држава, нашата територија, за која што немаме спорови, е во северниот дел од регионот. Македонскиот јазик е во нашата лична карта и ја заокружиме државноста и членството во ОН. Влеговме во НАТО и за нас повеќе не се зборува по ходниците во НАТО. Тоа е сосема различно со македонската кауза и македонскиот јазик што го изгубивте во 2006 година. Македонскиот јазик е вратен во нацрт преговарачката рамка и ние како Македонци кои зборуваат македонски јазик ќе успееме и со европската интеграција бидејќи знаеме како и го покажавме тоа“, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на седницата по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е затворена тема, рече Димитров, и додаде дека ние апсолутно не смееме да го губиме времето во чекање туку да работиме на остварувањето на европските стандарди и принципи дома.
„Нашата битка за македонскиот идентитет, јас сум убеден дека го говорам ова во име на сите земји членки и на институциите во Брисел, е истовремено и битка за европскиот идентитет. Ако ЕУ ја гледаме заедница на вредности, една од тие суштински вредности наведена во Лисабонскиот договор е почит, заштита и нега на културните и јазичните различности на сите народи на европскиот континент. Во таа смисла ако ЕУ е заедница на вредности не може да биде оспорено правото на самоопределување на македонскиот народ кој говори македонски јазик. Тоа се нашите позиции таму“, нагласи Никола Димитров од собраниската говорница.
Сектор за односи со јавноста |
Генерален секретаријат |
Ново на Сител
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта