Димитров-Линкевичиус: Македонија заслужува пристап во ЕУ заснован на критериуми, а не на расположение и календари

Министерот за надворешни работи Никола Димитров со денешните средби со неговиот литвански колега Линас Линкевичиус, министерот за одбрана Раимундас Кароблис и членовите на kомисиите за надворешни работи и за европски прашања во Парламентот на Литванија ја заврши регионалната балтичка турнеја.
На средбата со Линкевичиус, информираат од МНР, Димитров ја претстави цврстата решителност на Република Македонија да ги имплементира сите неопходни реформи за изградба на стабилни и праведни институции како еден од клучните чекори на нашиот пат кон ЕУ и НАТО.
- Како млад заменик министер за надворешни работи на Република Македонија пред 17 години во Вилнус ја потпишав Декларацијата од Вилнус. Скоро две децении потоа ние се уште сме во чекалната на ЕУ и НАТО. Сега имаме втора шанса да ја достигнеме нашата цел за евроатланска интеграција, порачал Димитров
На овој пат, додал, високо ја цениме поддршката од Литванија, како во препознавање на нашата цврста определба и посветеност за исполнување на сите неопходни критериуми за членство во ЕУ и НАТО, така и за активното партнерство во реализирање на нашите стратешки цели.
- ЕУ поттикна просперитет и стабилност во Балтикот. Уверени сме дека таква позитивна улога ќе има и на Балканот, потенцирал Димитров.
Линкевичиус изразил недвосмислена поддршка за евроатланската иднина на Македонија.
- Република Македонија заслужува пристап во ЕУ кој ќе биде заснован на критериуми, а не на расположение и календари, изјавил Линкевичиус и нагласил дека е потребно да се лоцираат сегменти во кои двете држави ќе соработуваат за заемен економски бенефит, особено посочувајќи ја улогата на твининг проектите како значаен елемент во билатералните односи.
На средбата со министерот за одбрана Кароблис, Димитров потцртал дека најдобар предуслов за безбедност е просперитетот и стабилностa базиранi на стабилни и фер институции, владеење на правото и јасна евроатлантска перспектива.
Во рамките на посетата министерот Димитров оствари средби и со членовите на комисиите за надворешни работи и за европски прашања и на Групата за интер-парламентарна соработка со земјите од Западен Балкан во Парламентот на Литванија. На средбите шефот на македонската дипломатија потенцирал дека исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ не ги гледаме само како предуслов, туку и како една од целите на интегративниот процес.
Со денешната посета на Литванија Димитров ја заокружува балтичката турнеја во рамките на која оствари средба со министрите за надворешни работи на Естонија, Латвија и Литванија, Свен Миксер, Едгарс Ринкевич и Линас Линкевичиус, како и со министрите за одбрана на Литванија и Латвија. Димитров се сретна и со парламентарни групи во сите три држави, имаше излагања во два реномирани института - Естонскиот институт за надворешна политика и Латвискиот институт за меѓународни работи, а даде и бројни интервјуа.
Ново на Сител
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
-

Такси дејноста станува хоби, не професија
-

Двојно поголем интерес за субвенции за возачки во Радовиш од предвиденото
-

Охридската болница станува регионален центар
-

Германскиот јазик се поатрактивен кај учениците - Прилеп домаќин на Државната олимпијада за основци
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
