-->
-->
Димитров: Крајно време е регионот да почне да се натпреварува на планот на реформи, а не на планот на историја
-->
Министерот за надворешни работи Никола Димитров за време на својата работна средба во Париз, денеска имаше повеќе средби,
Димитров, прво, имаше обраќање во Фондацијата „Роберт Шуман“ на тема „Европската перспектива на Македонија по Договорот со Грција” по кое следеше дискусија со поканетите гости, претставници од дипломатскиот кор, политичката и медиумската сфера на Франција.
Димитров при тоа се осврна на вложената енергија изминатата година и пол на планот на решавање на отвореното прашање со Грција, на деликатноста на процесот, но и на оптимизмот и вербата дека истиот успешно ќе се финализира.
– И покрај многуте предизвици и противења, уверен сум дека после пет години ќе се прашуваме зошто ова не било направено уште на почетокот на деведесетите. Исто така, сум уверен дека токму Балканот овој пат ќе покаже дека чудата се можни, рече шефот на македонската дипломатија.
Во однос на процесот на проширување, Димитров посочи дека е од исклучителна важност ценење на постигнатото низ меритократски принципи, и следната година и формално да се отвори патот на Македонија за пристапување, бидејќи, како што истакна тој, тоа е во интерес и на ЕУ.
-Крајно време е регионот да почне да се натпреварува на планот на реформи, наместо на планот на историја. И за самата ЕУ, европеизацијата на Балканот е позитивна работа. Потребна е само визија и храброст за донесување големи одлуки со долгорочни придобивки, рече Димитров.
Во француското Национално Собрание, министерот Димитров оствари средби со претседателката на Комисијата за надворешни работи Мариел де Сарнез и со пратениците Бернар Сор, Лилиана Танги, Фредерик Ле Пети, Седрик Вилани и Жан-Франсуа Елиау.
На средбите стана збор за европската перспектива на Република Македонија и за спроведувањето на неопходните реформски приоритети со цел почеток на пристапни преговори со Европската унија, како и за значењето на поддршката на Франција во тој поглед. Притоа беше заклучено дека европеизацијата на Балканот и консолидацијата на ЕУ се комплементарни процеси.
Министерот Димитров заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера учествуваше на состанокот на високо ниво по француско-германската иницијатива за спречување на недозволената трговија и употреба на лесно оружје и оружје со мал калибар во земјите од Западен Балкан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра