Македонија
2. October 2017 - 20:17

Димитров: Ќе продолжам да ги убедувам грчките власти дека во спорот за името не треба да има победници и поразени

Влада се уште ги нема започнато преговорите за спорот со името, а поголем меѓународен ангажман околу ова прашање очекува по завршување на локалните избори.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров посочи дека ќе продолжи да ја убедува Грција дека во овој спор не може да има победници и губитници.

Според министерот за надворешни, Грција не може успешно да го реши овој спор доколку Македонија е понижена.

Само со отворен и позитивен дијалог со соседите според Димитров може да се затворат спорните прашања.

Димитров не даде конкретен одговор, каков ќе биде ставот на Македонија доколку Каталонија прогласи независност.

Посочи дека состојбата таму во моментов е деликатна и загрижувачка и нема простор да се дава одговор на хипотетички прашања.