Македонија
1. September 2020 - 19:45

Димитров и Османи очекуваат старт на преговори и поддршка од Софија

Рокада на ресорите, но фокусот останува ист, евроинтеграции и добрососедски односи. Димитров кој влезе во Секторот за европски прашања го чекаат клучни моменти во процесот на интеграцијата. Во септември германското престедтелство ке  отвори дебата за нацрт преговарачката рамка која ЕК ја предложи во јуни. Димитров не очекува  блокади од Софија во тој процес.

Во МНР Османи ке се се фокусира на партнерските односи со САД и ЕУ, но и на добрососедските односи. Дипломатската мрежа исто така ке му биде приоритет, особено сега кога е потребно лобирање за европските процеси.

Димитров и сомкани очелуваат дека во декември ке се одржи и  Првата мегувладина конференција со што формално ке започнат прегворите за членство во ЕУ. Дотогаш останува да се екипира и зајакне преговарачкиот тим, но засега нема најави кој ке го предводи откако поранешниот технчки преговарач Маричик замина во министесртвото за Правда.