Македонија
10. јуни 2020 - 16:51

Димитров и Дачиќ на средба во Ниш, Македонија можно е да ги отвори границите до крајот на јуни

Димитров од Ниш најавува можност за отворање на македонските граници до крајот на јуни. По средбата со својот српски колега потенцираше дека конечната одлука сепак ќе зависи од епидемиолошката слика во земјата и препораките на здравствените власти.

Ќе разговараме поинтензивно овие денови и во рамките на ситуацијата со вирусот и ситуацијата во регионот, овие денови треба да пресечеме и да ја донесеме таа одлука. Мислам дека таква одлука треба да се очекува во текот на овој месец јуни, иако е малку неблагодарно ова да се предвидува со оглед на непредвидливоста на пандемијата, кажа Димитров.

Во пресрет на летните одмори пак српскиот шеф на дипломатијата вели дека отворањето на македонските граници е особено важно за српските граѓани. Состојбата ќе се следи интензивно и следните денови за кога се најавува и можност Дачич и Димитров да острбарат средба и со нивниот грчки колега.

 За нас се важни плановите на Северена Македонија. Нашите планови се јасни, ние веќе ги отворивме границите за сите странци, вклучително и македонските граѓани кои во слободно може да влезат во Србија без тестирање и мерки за изолација, секако доколку немаат симптоми на вирусот, изјави Дачич.

Посетата на Србија е прво прекугранично излегување на министерот Димотров откако почна корона кризата. Веќе во петок се најавува и негова средба со грчкиот шеф на дипломатијата Дендиас на грчкиот остров Крф.