Димитров: Францускиот предлог не нè носи кон членство во ЕУ
Францускиот предлог не нè носи кон членство во ЕУ. Ние сакаме да ги почнеме преговорите или сакаме да ги завршиме преговорите и да влеземе во членство, затоа што не носи во едно тесно сокаче што е исклучително комплициреано, обременето со барањата на Бугарија, при што се прават преседани и за други држави кандидати што ќе следат после нас, оценува поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и екс шеф на дипломатијата Никола Димитров.
Според него, проширувањето мора да биде врзано со реформи, бидејќи ако се вметне внатре билатерална желботека, се руши целата суштина. После се што поминавме како народ и нација, додава Димитров, заслужуваме европска преговарачка рамка, процес каде што ќе се натпреваруваме со другите од Западен Балкан, па и со Бугарија во однос на демократијата, слобода на медиумите, економијата,…
– Ние имаме еден геополитички момент во Европа каде се зголемува потребата од успех. За да се испорача на Украина и Молдавија, потребно е да се мрднат работите и на Западен Балкан, пред се, околу нас и околу Албанија. Меѓутоа не може тоа се на наша глава пак да се удри – земја која најмногу се испатила и се измачила чекорејќи по европскиот пат, вели Димитров.
Прашан од новинарите за неговата работа како вицепремиер, и дали тој чувствува одговорност, Димитров нагласува дека неговиот ангажман се гледа во предлозите што доаѓаа во разговорите за надминување на спорот со Софија додека тој беше шеф на дипломатијата, односно вицепремиер.
– Предлозите не доаѓаат од небо, предлозите некој треба да ги изработи. Каков беше германскиот предлог, каков беше португалскиот предлог, и како за шест месеци од првата недела кога падна нашата нота до ОН, како стигнавме сега до ова дереџе, рече Димитров.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија