Димитриевски: Во ниту еден момент не загрозив ничие здравје, држевме дистанца
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во денешната објава на ФБ профилот, вели дека поради големиот број информации кои излегле во јавноста за како што вели, дека тој и членовите на штабот наводно биле неодговорни кон заедницата, изјавува дека во ниту еден момент не дозволил да загрози нечие здравје
– Во ниеден момент не сум дозволил да загрозам нечие здравје со моето однесување. Резултатите од тестовите што по вторпат се прават за целиот Кризен штаб и придружните членови и луѓе ангажирани во ризични подрачја ги чекавме пет дена. Средбата во Куманово со владини претставници не беше остварена на моја покана, туку на барање на Владата. Информацијата дека постојано се прават проверки на здравјето на лицата од општинскиот кризен штаб е јавна и ја знаат сите членови на штабот и институциите на Министерството за здравство на локално ниво-вели во објавата Димитриевски.
Тој додава дека средбата се остварила за дополнително брифирање на Владата и елаборација на фактичката состојба на терен поврзана со епидемијата за која, нагласува укажувале со недели.
– Сите присутни носеа маски, освен во момент кога техничкиот премиер Оливер Спасовски и јас дававме изјави за медиумите, но државме препорачана дистанца- стои во објавата.
Димитриевски вели дека првиот тест направен пред две недели бил негативен, членовите на штабот немале никакви симптоми и дека најмалку очекувале позитивни тестови од членовите на штабот .
– Очигледно големите контакти со луѓе во обид да се разрешат сите проблеми во градот со вирусот КОВИД 19, придонесе пет члена од општинскиот штаб да имаат позитивни тестови и сите тие од различни институции. Се поставува прашање, ако се следат епидемиолошките алгоритми на комисијата за заразни болести, како досега не бевме оценети како ризични бидејќи, очигледно сме заразени од лице кое веќе имало вирус- вели Димитриевски.
Тој во објавата пишува дека Куманово е град со најголем број случаи по број на жители, дека секој, а тој најмногу носи одговорност и поради тоа со недели барал изолација од Владата.
– Истата нека ја утврди фактичката состојба и евентуалните системски недостатоци, пропусти и одговорност-вели Димитриевски.
Кумановскиот градоначалник пишува дека не сака оваа ситуација да прерасне во непотребна дебата и нагласува дека сите мора заеднички да ги насочат силите и да се порази епидемијата.
Ново на Сител
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
